Наши Бисерчиња

Станете Фолклорен Бисер

Доколку сакате да станете Фолклорен Бисер Ве покануваме во нашите простории, на телефон или e-mail.

Ние се наоѓаме во населбата Аеродром на местото на поранешна слаткарница Стела, близу салата МЗТ.

За нас!

Ансамблот за народни игри и песни ФОЛКЛОРНИ БИСЕРИ - Скопје е здружение на фолклорни уметници оформено со цел да го негува, зачувува и пренесува богатото македонско творештво низ игра, песна и музика. Оформено е месец јуни 2010 година и е раководен од врвни уметници во областа на фолклорот.

Просториите ни се наоѓаат во населбата Аеродром на местото на поранешна слаткарница Стела, близу салата МЗТ. Кај нас може да се изучува народната игра како и песна и музика. Покрај работењето во нашата сала со неколку групи, меѓу која и првата група на ансамблот, часови за учење на македонскиот народен фолклор се одржуваат и во неколку основни училишта, и тоа: О.У. 11 Октомври, О.У. Гоце Делчев - Љубанци, О.У. Димитар Миладонов и тн.

Во рамките на ансамблот фукционира и група на членови кои факултативно изучуваат игра и песна без ограничување на возраст.